Линкови за пристапност

Јужна Африка одвои 2 милијарди долари за сообраќајната инфраструктура


Јужна Африка одвои 2 милијарди долари за сообраќајната инфраструктура
Јужна Африка одвои 2 милијарди долари за сообраќајната инфраструктура

Фудбалските обожаватели ги бројат деновите до почетокот на Светското првенство во Јужна Африка на 11-ти јуни. Ова е еден од најголемите спортски настани организиран на африканскиот котинент. Јужна Африка потроши повеќе од две милијарди за осовременување на сообраќајната инфраструктура.

Првиот впечаток за многу странски навивачи е петкатниот меѓународен аеродром во Јоханесбург – специјално дотеран за Светското првенство. Јужноафриканската влада само за негово реновирање потроши речиси 700 милиони долари, но затоа тој сега има капацитет од 28 милиони патници годишно, споредено со претходните 17.

Портпаролот на аеродромската управа Соломон Макгали гордо истакнува дека петгодишниот проект за реновирање резултирал во воздушно пристаниште од прва класа:

„Ова е аеродром од светска класа, каков што веројатно ќе најдете во Европа и други делови од Америка. Изграден според меѓународни стандарди, дури сметам дека надминавме некои стандарди“.

Владата изгради нов аеродром од една милијарда долари во Дурбан, а и ги модернизираше постојните во Кејптаун, Блуфонтајн и Порт Елизабет.

И патиштата и железницата добија „лифтинг“.

Подобрувањето на сообраќајната инфраструктура не е само за илјадниците странски навивачи – тоа ќе биде од корист за домашната економија и по завршувањето на Мундијалот.

Многумина во Јужна Африка гледаат на првенството како на несекојдневна можност за развој на туризмот преку промоција на јужноафриканската гостопримливост.

XS
SM
MD
LG