Светското фудбалско првенство во Јужна Африка – првото што ќе се одржи на овој континент, донесе вистинска фудбалска треска во земјата, која ги брои деновите до отворањето. За треската нема спас – таа посекако ќе ги зафати и стотиците илјади посетители.
Јужноафриканските фудбалски обожаватели живеат за спортот. За нив, секој меч претставува забава и без оглед на исходот, тие слават со песна и танцување.
Пресреќни се и производителите на знамиња. Најпопуларното знаме? Јужноафриканското, се разбира.
Садам Маки самиот се опишува како фудбалски обожавател број еден. Ретко пропушта натпревар:
„Сакам фудбал, роб сум на фудбалот, пијам фудбал, спијам, јадам со него“.
Маскотата на мундијалот, Закуми, веднаш стана хит.
Вувузела ќе биде популарен предмет на престојното провенство, иако креираше контроверза. Се работи за долг, пластичен рог, што испушта карактеристичен звук. Но кога со него истовремено дуваат илјадници навивачи, играчите од спротивниот тим се жалат дека се одразува на нивната игра. Имаше и повици за забрана, но ФИФА одби да го стори тоа, велејќи дека рогот е дел од традицијата на Африка.
За Светското фудбалско првенство е креиран и специјален танц, наречен Диски, именуван по локалниот термин за фудбалот. Нема спас, Јужна Африка е во фудбалска треска...