Линкови за пристапност

Социјалниот страв зад правењето расни стереотипи


Социјалниот страв зад правењето расни стереотипи
Социјалниот страв зад правењето расни стереотипи

Социјални стравови, како негативно реагирање на заканувачко лице или странец, е цврсто врежано во мозокот.

Кога на типично дете ќе има се покаже цртеж на две деца, идентични, но со различна боја на кожата, и кога од него ќе се побара да го изберат „лошото“ дете, повеќето од децата кои се прашувани ќе го избере детето на цртежот со различна боја на кожата од неговата. Така, белите деца ќе ги изберат црните како „лоши“, децата со азијатско потекло ќе ги изберат белите и така натаму.

Психијаторот Андреас Мејер-Линденберг вели дека родителите се ужаснати кога ќе видат дека нивните деца имаат таков суд. Овој експерт додава дека студиите се направени во етнички групи ширум светот и дека секогаш се добивале исти резултати.

Но, во најновиот експеримент тој вели дека можно е да го пронашол единствениот исклучок во групата деца родени со синдромот Вилијам, генетско пореметување што го елиминира социјалниот страв.

„Откривме дека доколку го немате тој вид на страв, тогаш немате ни расни предрасуди“, вели Мејер-Линденберг.

Во студијата на Мејер-Линденберг децата со синдромот Вилијам по случаен избор одредуваат едно од децата на цртежот, без оглед на расната припадност.

Ова е доказ, вели овој аналитичар, дека предрасудите од расни стереотипи доаѓа од социјалниот страв.

Социјални стравови, како негативно реагирање на заканувачко лице или странец, е цврсто врежано во мозокот.

Доказот за ова доаѓа од студиите кои покажуваат дека мозокот реагира дури и кога стимулот, приказ на страшно лице на пример, само блеснува пред очи на испитаникот, така што тој не е ни свесен што видел.

Но докази доаѓаат и од лица со синдромот Вилијамс, бидејќи иако биле одгледувани во иста култура и семејства како и другите деца, а сепак не развиле социјален страв.

Мејер-Линденберг вели дека не треба да се извлече заклучок дека расизмот е вродена појава.

„Начинот на кој се справувате со системот, што го изразувате во акции, и дозволувате да влијае на вашето размислување, е нешто што сум прилично сигурен дека има силна културна компонента“, вели тој.

Уште повеќе, додава тој, разбирањето дека овие социјални стравови се зад тенденцијата на детето да прави расни стереотипи може да им помогне на образовните работници и на родителите да ги учат децата да не бидат расисти.

Во меѓувреме, Мејер-Линденберг планира да го продлабчи проучувањето на овој проблем и да направи тестови со деца од различни расни и етнички групи за да одреди дали сите тие ја процесираат појавата на расни стереотипи на ист начин.

XS
SM
MD
LG