Линкови за пристапност

Американски морнарички брод уапси сомалиски пирати


Морнарицата соопшти дека врз Ју-Ес-Ес Николас било пукано рано во четвртокот, додека пловел западно од Сејшелските острови во западниот дел на Индискиот Океан.

Американските морнарички сили велат дека по вооружена престрелка уапсиле петмина осомничени пирати, го потонале нивниот брод и го заземале нивниот матичен брод.

Морнарицата соопшти дека врз Ју-Ес-Ес Николас било пукано рано во четвртокот, додека пловел западно од Сејшелските острови во западниот дел на Индискиот Океан.

Во соопштението се наведува дека морнаричкиот брод го онеспособил пиратскиот брод при што биле уапсени тројца осомничени лица пред потонување на малиот брод. Двајца други осомничени пирати биле уапсени на матичниот брод.

Надлежните велат дека осомничените сили засега ќе останат во американска надлежност.

Морнариците на САД, ЕУ и другите светски сили патролираат во водите на Источна Африка во напор да ги запрат сомалиските пиратски напади.

XS
SM
MD
LG