Линкови за пристапност

Американците го слават Денот на благодарноста

Денот на благодарноста, што се одржува на четвртиот четврток во ноември, е еден од најголемите празници во годината за патување

Милиони Американци го прославуваат годишниот празник Ден на благодарноста со традиционална богата трпеза, со семејството и пријателите.

Денот на благодарноста, што се одржува на четвртиот четврток во ноември, е еден од најголемите празници во годината за патување. Централен дел на денот типично вклучува гозба од мисирка, компири, сос од дренки, пита од тиква и други споредни јадења.

Американскиот претседател Барак Обама во четврток го објави неделното обраќање во чест на празникот. Тој ги повика Американците да се здружат и да се поддржат меѓусебно додека државата се бори во војни и со невработеноста. Тој рече дека се надева оти демократите, републиканците и независните можат да работат заедно во следните месеци во интерес на напредок на економијата и по други прашања.

САД официјално го одбележуваат празникот од 1863, иако првиот Ден на благодарност се верува дека се случил во 1621.

Таа година британските колонисти во населбата во Плимут, што сега се наоѓа во сојузната држава Масачусетс имале гозба со домородното племе на Индијанците Вомпанаг, чии припадници ги научиле колонистите како да одгледуваат храна и да ловат во нивниот нов дом.

Покрај богатата трпеза, многу Американци го минуваат денот гледајќи настани на националната телевизија, како годишната парада за Денот на благодарноста во Њујорк.

Петокот по Денот на благодарноста е познат како „црн петок“ и се смета за почеток на празничната сезона на шопинг, со многу распродажби и отворање на продавниците пред зори.

XS
SM
MD
LG