Линкови за пристапност

Се влошува кризата со задолженоста во Грција


Кризата со задолженоста во Грција вторникот се влоши со објавување на нови податоци според кои долгот е поголем од претходната проценка

Кризата со задолженоста во Грција вторникот се влоши со објавување на нови податоци според кои долгот е поголем од претходната проценка, а беше намален и кредитниот рејтинг на земјата.

Грчкиот долг сега изнесува 13.6 проценти од националниот бруто домашен производ, што е за седум десетини од процент повеќе отколку што порано се претпоставуваше.

Агенцијата за оценување на кредитниот рејтинг Мудис инвесторс го намали рејтингот на Грција за еден степен, од А3 на А2. Снижениот рејтинг значи дека кредиторите се загрижени околу можноста за отплаќање, што значи дека може да побараат повисоки каматни стапки на десетте милијарди долари што и` се потребни на официјална Атина. Каматните стапки сега изнесуваат над 8%,, а тоа, според експертите интервјуирани од новинските агенции, Грција не би можела да го издржи.

XS
SM
MD
LG