Линкови за пристапност

Тинејџерка-вдовица зад нападите во Москва


Угледен весник објави фотографија на Џенет Абдуракманова како позира со пиштол заедно со нејзиниот покоен сопруг, Умалат Магомедов, убиен од руските сили во декември.

Според угледниот руски весник Комерсант, 17-годишна вдовица на исламски милитант, е една од двете жени-самоубијци кои извршија напад врз московското метро при што загинаа 39 лица.

Весникот објави фотографија на Џенет Абдуракманова како позира со пиштол заедно со нејзиниот покоен сопруг, Умалат Магомедов, убиен од руските сили во декември.

Весникот додава дека таа била идентификувана од властите во провинцијата Дагестан во Северен Кавказ, од каде што потекнува.

Во написот се вели дека властите се` уште официјално не го идентификувале вториот напаѓач, но се верува дека се работи за жена, Марка Устарканова, 20-годишна вдовица на чеченски милитант.

Рускиот претседател Дмитриј Медведев повика на усвојување на поостри анти-терористички закони по нападите во Москва и самоубиствените бомбашки напади веднаш потоа во Дагестан, при што загинаа 12 други лица.

Руските новински агенции го цитираат Медведев кој во петокот изјавил дека секој што им помага на терористите, дури и ако „прави супа за нив и им ги пере алиштата“, треба да се смета за криминалец.

XS
SM
MD
LG