Линкови за пристапност

Пораст на продажбата на автомобили во САД


Продажбата на автомобилите од марката Форд се зголемила за 40 проценти, додека корејскиот конкурент Хјундаи забележа пораст на продажбата на своите возила за околу 15 проценти.

Неколку авто-производители велат дека продажбата на нивните возила во САД за месец март нагло пораснала, додека американската економија се опоравува од најтешката рецесија со децении наназад.

Џенерал Моторс, најголемата авто-компанија со седиште во САД, соопшти дека продажбата пораснала за 21 процент споредено со март минатата година.

Продажбата на автомобилите од марката Форд се зголемила за 40 проценти, додека корејскиот конкурент Хјундаи забележа пораст на продажбата на своите возила за околу 15 проценти.

Од друга страна, Крајслер забележа пад во продажбата за околу осум проценти.

XS
SM
MD
LG