Канаѓанец што американските власти го држеа откако беше 15-годишник, во понеделник излегува пред воен трибунал во американскиот притворен центар во Заливот Гвантанамо, во Куба.
Омар Кадр, сега на 24 години возраст, е обвинет за фрлање граната што убила американски војник за време на битка во Авганистан во 2002. Тој е последниот затвореник од Запад во Гвантанамо.
Бранителите се обидуваа да направат договор што на Кадр ќе му овозможи да се произнесе за виновен и да го отслужи остатокот на казната во Канада.
Секаков договор од овој вид во кој е инволвирана Канада би требало да биде направен меѓу Вашингтон и Отава.
Судењето на Кадр предизвика меѓународна критика заради неговата возраст во време кога бил уапсен.
Неговото судење е прва постапка во Гвантанамо под администрацијата на Претседателот Барак Обама.
Омар Кадр, сега на 24 години возраст, е обвинет за фрлање граната што убила американски војник за време на битка во Авганистан во 2002.