Линкови за пристапност

САД и Пакистан ветуваат подобрување на меѓусебните односи


САД и Пакистан ветуваат подобрување на меѓусебните односи
САД и Пакистан ветуваат подобрување на меѓусебните односи

Во уводното излагање, американската државна секретарка Хилари Клинтон истакна дека „погрешни перцепции и недоразбирања“ имало во поголем број изминативе години кај обете страни.

САД и Пакистан ветуваат подобрување на oдносите што понекогаш се затегнати, додека виши дипломати од обете земји започнуваат разговори во Вашингтон.

Во уводното излагање, американската државна секретарка Хилари Клинтон истакна дека „погрешни перцепции и недоразбирања“ имало во поголем број изминативе години кај обете страни. Таа рече дека администрацијата на Обама се залага тој тренд да се промени.

Пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Мехмуд Куреши, рече дека двете земји имаат богата историја на соработка во интерес на заеднички цели, вклучувајќи го успешното партнерство против Советскиот сојуз.

Куреши истакна дека Пакистан ја платил цената за партнерство со САД во борбата против тероризмот. Тој кажа и дека илјадници невини Пакистанци загинале во терористички напади и оти владата страда од наплив на бегалци, оружје и дрога. Тој рече дека пакистанската економија претрпела штета од конфликтот.

XS
SM
MD
LG