Стотици илјади лица во Ирска и надвор од неа, го прославуваат Денот на Свети Патрик.
Во градови ширум Ирска планирани се преку 100 паради. Најголемата ќе се одржи во Даблин на која се очекува да учествуваат преку половина милион лица.
Празникот се слави и во Австралија, Европа и во делови од САД, како Њујорк и Чикаго. Свети Патрик на почетокот бил верски празник во чест на човекот кој се верувало дека го донел христијанството во Ирска во 5-от век.