Линкови за пристапност

САД ги зголемија стандардите за ефикасност на потрошувачката на гориво


САД ги зголемија стандардите за ефикасност на потрошувачката на гориво
САД ги зголемија стандардите за ефикасност на потрошувачката на гориво

Владата во четвртокот соопшти дека новите возила ќе мора да ја зголемат економичноста во потрошувачката на гориво во просек на 6,6 литри на поминати 100 километри до 2016 година.

Автомобилите и камионите во САД ќе имаат значително зголемување на економичноста во потрошувачката на гориво, за да ги исполнат новите владини стандарди.

Владата во четвртокот соопшти дека новите возила ќе мора да ја зголемат економичноста во потрошувачката на гориво во просек на 6,6 литри на поминати 100 километри до 2016 година.

Претставници на Одделот за сообраќај велат дека промените ќе помогнат да се заштедат 1,8 милијарди барели нафта, што на просечниот купувач на автомобили би му заштедила 3.000 долари во текот на векот на возилото.

Според новите правила, авто-производителот ќе треба да ги намали штетните издувни гасови на возилата за околу 5 проценти секоја година. Надлежните велат дека промените ќе бидат еквивалент на 50 милиони помалку возила од патиштата.

Официјалните лица се надеваат оти новите правила ќе ги охрабрат автомобилските компании да развијат нови, подобри технологии за заштеда на горивото.

XS
SM
MD
LG