Линкови за пристапност

Кина ги блокираше обидите на Гугл за нецензурирани Интернет-информации во земјата


Гугл во понеделникот соопшти дека повеќе нема да ги цензурира своите услуги или да толерира „постојано блокирање“ на страниците како Фејсбук и Ју-Тјуб.

Кинеската влада веќе ги блокираше новите напори на Интернет-компанијата Гугл да обезбеди нецензурирани информации за кинеските корисници.

Гугл започна со пренасочување на своите кинески корисници на нова, нефилтрирана страница во Хонконг. Официјален Пекинг, пак, користи сопствен комјутерски систем за попречување на пребарувањата или за блокирање на страниците со содржини за кои смета дека се политички чувствителни или спорни.

Гугл во понеделникот соопшти дека повеќе нема да ги цензурира своите услуги или да толерира „постојано блокирање“ на страниците како Фејсбук и Ју-Тјуб.

Кина соопшти дека одлуката на Гугл да го користи серверот во Хонконг е „комплетно погрешна“, обвинувајќи ја американската компанија за прекршување на „писменото ветување“ да се придржува до кинеските закони.

И покрај напнатоста, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи истакна дека потегот на Гугл нема да влијаат на односите на Пекинг со Вашингтон, освен ако други лица не сакаат да го „политизираат“ прашањето.

XS
SM
MD
LG