Линкови за пристапност

Меркел: Земјите кои не ги почитуваат правилата во еврозоната може да бидат исклучени


Меркел: Земјите кои не ги почитуваат правилата во еврозоната може да бидат исклучени
Меркел: Земјите кои не ги почитуваат правилата во еврозоната може да бидат исклучени

Германската канцеларка истакна дека грчката финансиска криза предизвикала најголема закана по економската стабилност на блокот досега.

Германската канцеларка Ангела Меркел вели дека земјите-членки на таканаречената еврозона кои на неколкупати ги прекршуваат своите финансиски правила, би требало да се соочат со можноста од исклучување од неа.

Во моментов еврозоната брои 16 земји, вклучувајќи ги Германија и Грција, обединети со еврото, како заедничка валута. Но при обраќањето пред германскиот парламент во средата, канцеларката Меркел беше категорична дека на членките на еврозоната треба да им се дозволи да ги исклучат прекршителите на правилата, како последна опција.

Меркел додаде и дека грчката финансиска криза предизвикала најголема закана по економската стабилност на блокот земји досега, со што се налага потребата за воведување на нови правила.

Германската лидерка ги предупреди земјите членки на ЕУ да не даваат на Грција, како што рече, „избрзана“ финансиска поддршка, велејќи дека нема алтернатива на строгите мерки што грчката влада веќе ги има усвоено. 

XS
SM
MD
LG