Линкови за пристапност

Премиерот на Ерменија поднесе оставка


Изминативе денови опозицијата протестираше против него, барајќи конечно да си замине од власт

Премиерот на Ерменија Серж Саркијан, денеска поднесе оставка, по неколкудневните протести од страна на поддржувачите на опозицијата, кои го обвинуваат за загушување на власта повеќе од десет години.

Илјадници луѓе излегоа на улиците во ерменскиот главен град Ереван, за да ја поздрават неговата оставка.

На антивладините демонстранти во славењето, им се придружија и стотици војници.

Премиерот изјави дека „движењето на улиците е против мојот мандат. Поради тоа ќе го исполнам вашето барање“.

Оставката на 63-годишниот Саркијан уследи кусо време по ослободувањето на лидерот на опозицијата Никол Пашинјан, кој беше уапсен вчера за време на демонстрациите.

„Никол Пашинјан беше во право“, рече Саркијан.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG