Линкови за пристапност

Ерменија го ратификуваше договорот со Русија


И покрај протестите од опозицијата, законодавците на владеачката партија го одобрија потегот.

Ерменската влада го ратификуваше контроверзниот договор за природен гас со Русија и покрај широкораспространетите протести од опозивијата.

Законодавците на владеачката партија ја одобрија ратификацијата во гласање од понеделникот што беше бојкотиран од членови на опозиционите фракции на државата.

Стотици се собраа пред парламентот во Ереван во знак на протест за договорот.

Според договорот, монополот за извоз на руски гас Газпром ќе добие целосна контрола на компанијата за дистрибуцијата на ерменскиот природен гас АрмРосгазпром. Газпром претходно имал во сопственост 80 проценти од компанијата и сега ги добива преостанатите 20 проценти од учеството.

Газпром исто така ќе го контролира целиот увезен гас од Ерменија до 2043.

Русија е најголемиот трговски партнер на Ерменија со билатерала што достигна речиси 1.2 милиони долари минатата година.
XS
SM
MD
LG