Линкови за пристапност

Меѓународниот комитет на Црвениот крст бара Ерменија и Азербејџан да ги заштитат граѓаните при судирите


Меѓународниот комитет на Црвениот крст изрази загриженост за хуманитарните последици од судирот меѓу Ерменија и Азербејџан, пред два дена на границата.

И двете држави меѓусебно се обвинуваат за судирите. Азербејџан вели дека политичкото и военото лидерство на Ерменија ја има целата одговорност за провокацијата, додека Ерменија вели дека Азербејџан е одговорен за провокациите, кои нема да останат нерешени.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст вели дека судирите ја ставаат во ризик безбедноста на граѓаните.

„Ги повикуваме страните да ги почитуваат правилата на меѓународниот хуманитарен закон, додека изведуваат воени операции, и да осигураат дека домовите, училиштата и болниците се почитувани и заштитени“, Меѓународниот комитет на Црвениот крст.

Двете држави со години се во кофликт за регион во Азербејџан, близу до границата со Ерменија, иако конфликтот изминативе неколку денови помина во друга насока.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG