Линкови за пристапност

Само во Америка: Дали ве чека богатство во Арканзас?


Само во Америка: Дали ве чека богатство во Арканзас?
Само во Америка: Дали ве чека богатство во Арканзас?

Секоја година во САД, стотици милиони долари вредна неподигната сопственост, особено сертификати за купени акции, накит оставен во сефови во банки, и заборавени пари на чековни сметки, се даваат на државните власти од страна на банките и компаниите кои не можат да ги лоцираат сопствениците.

Државите, потоа, се обидуваат да ги најдат тие луѓе.

Сојузната држава од средниот југ на САД, Арканзас, дури прави игра од тоа. Се вика „Големиот лов на богатство во Арканзас“.

Секој октомври, секој весник во државата објавува специјален додаток . Во него нема написи. Нема фотографии. Нема вести. Ништо друго, освен здодевни списоци на имиња на луѓе со нивната последна позната адреса. Државниот ревизор Чарли Даниелс и неговиот персонал се надеваат дека лицата идентификувани на тие листи ќе ги контактираат и ќе ја подигнат сопственоста или личната сопственост.

Минатата година, неподигнатата сопственост, од готовина до дијаманти и оружје, беше проценета на 22 милиони долари.

Канцеларијата на Чарли Даниелс ја става готовината во банка и вредните работи во два големи сефа во главниот град Литл Рок. Ги чува дури и предметите кои имаат само сентиментална вредност, како медали од Втората светска војна, што редовно се појавуваат, особено сега кога многу од ветераните од таа војна умираат. Државата исто така е познато дека чува вештачки заби и урни од кремирани човечки тела.

Правото на сопственикот, или на лицето што е законски наследник, да го подигне имотот или парите никогаш не истекува. Секоја година, само во Арканзас, околу 15 илјади семејства кои се приклучуваат на потрагата по богатството, откриваат дека наследиле вредни работи за кои не знаеле дека постојат. Ниедно лотариско ливче не може да се спореди со шансите на Големата потрага по благо на Арканзас , каде понекогаш се добива прилично голема вредност.

XS
SM
MD
LG