Линкови за пристапност

Стотици протестираат против имиграциониот закон на Аризона


Американската судијка Сузан Болтон во средата донесе привремена одлука за блокирање на најконтроверзните делови – како одредбата полицијата да има овластување да го проверува имиграциониот статус на лица запрени за други прекршоци.

Стотици луѓе се собраа во југозападната сојузна американска држава Аризона да протестираат заради новиот имиграционен закон што влезе во сила во четврток – дури и покрај тоа што му беа симнати најконтроверзните делови.

Полицијата уапсила најмалку двајца протестанти во Феникс, во четвртокот наутро.

Американската судијка Сузан Болтон во средата донесе привремена одлука за блокирање на најконтроверзните делови – како одредбата полицијата да има овластување да го проверува имиграциониот статус на лица запрени за други прекршоци.

Опонентите велат дека мерката може да води кон расно профилирање од страна на полицијата. Администрацијата на Обама покрена судска постапка за оспорување на законот на Аризона, тврдејќи дека спроведувањето на имиграциона политика е надлежност на федеративната власт.

Гувернерката на Аризона Џен Бруер вети дека ќе биде поднесена жалба на судската одлука, велејќи дека е спремна случајот да го донесе до американскиот Врховен суд.

Таа го потпиша имиграциониот закон во Април во надеж да го стави под контрола текот на илегални имигранти од Мексико.

XS
SM
MD
LG