Линкови за пристапност

Блокирани клучни делови на имиграциониот закон на Аризона


Нема да може полицијата да примени други закони за да го провери имиграциониот статус на одредено лице ако се посомнева дека тоа во земјата престојува илегално

Федерална судијка од југозападната сојузна држава Аризона, Сузан Болтон, ги блокираше најконтроверзните одредби од новиот имиграционен закон, еден ден пред мерката да стапи на сила.

Нема да влезе во сила делот од законот со кој полицијата би имала овластување да примени други закони за да го провери имиграциониот статус на одредено лице ако се посомнева дека тоа во земјата престојува илегално.

Болтон ги блокираше и одредбите со кои имигрантите се обврзуваат со себе да носат лични исправи во секое време, како и делот што прави да е незаконско недокументирани работници да бараат работа на јавни места.

Гувернерката на Аризона Џен Бруер го потпиша законот во април, велејќи дека федерална влада не вложува доволно напори да ја обезбеди границата со Мексико.

Противниците на законот велат дека тој ќе води кон расно профилирање од страна на полицијата.

XS
SM
MD
LG