Линкови за пристапност

Арифи запознаена со детали од Извештајот на ЕК за Македонија


Арифи запознаена со детали од Извештајот на ЕК за Македонија
Арифи запознаена со детали од Извештајот на ЕК за Македонија

Вицепремиерката Теута Арифи денeска во Брисел имаше можност да се запознае со детали од Извештајот за напредокот на Македонија, кој официјално ќе биде објавен на 14-ти октомври.

Детали од содржината на Извештајот со кој е запозната вицепремиерката се` уште не се откриваат за јавноста. Дознаваме дека една од чуствителните теми била слободата на медиумите, за што станало збор и на денешната средба на Арифи со комесарот за проширување Штефан Филе.

Во врска со прашањето на медиумите комесарот, како што рече, е задоволен што неодамна беше организирана Тркалезна маса.

„Позитивно е што новинарите и невладините организации се посветени на дијалог. Мојата порака е да се продолжи со дијалогот меѓу Владата и медиумите со цел да се одстранат релевентните проблеми и да се најдат заеднички договорени решенија“, изјави комесарот Филе по средбата со Арифи.

Вицепремиерката Арифи од своја страна најави дека таа ќе биде организатор на серија други трибини на кои ќе се разговара за проблемот со слободите на медиумите.

Инаку комесарот Филе изјави дека претстојниот извештај ќе биде фактографски и фер и дека ќе ги одсликува настаните во земјата во изминатите 12 месеци.

Арифи и Филе разговарале и за проблемот со името што е пречка за Македонија да добие датум за почеток на преговорите. Според Штефан Филе Атина и Скопје се дојдени до вистинскит момент за решение кое не треба да се загуби. Спорот со името не е услов, туку политичка реалност чие решение ќе го олесни стартот на преговорите, изјави Штефан Филе по денешната средба со вицепремиерката Теута Арифи, во Брисел.

XS
SM
MD
LG