Дали многу успешниот холивудски филм е лабаво заснован на факти, или пак е смислена кампања против Иран? Француската адвокатка Изабел Котант-Пејре верува дека американскиот филм „Арго“ намерно сака да ја заблуди јавноста преку извртено портретирање на Иран и Иранците.
Во телефонско интервју таа кажа дека иранскиот Министер за култура побарал од неа да се ангажира во, како што рече, „корисна законска процедура“ против дистрибутерите и изработувачите на филмот. Таа кажа дека тоа може да се случи во рок од неколку недели, во Европа и во САД.
Адвокатката вели дека „Арго“ ги портретира Ирачаните како луди, насилни и хистерични, што воопшто не кореспондира со старата култура на државата и нејзината цивилизација. Таа вели дека холивудската продукција е „лошите против добрите“ што е многу слично, вели таа, на американската надворешна политика.
Претставникот на Ворнер Брадерс, компанија што го дистрибуираше филмот, кажа дека тие намат коментар на каков било ирански законски потег. Студиото не одговори на барањето изјава од Гласот на Америка.
„Арго“ е филм за заложничката криза во 1979, во Американската амбасада во Иран.