САД по првпат потврдија дека постои Областа 51 - тајна локација за тестирање на набљудувањето од воздух - за која авторите на теориите на заговор веќе долго време тврдат дека е дом на вонземјани кои извршиле инвазија врз САД.
Меѓу документите на кои неделава им беше отстранета ознаката доверливо, Централната разунавачка агенција (ЦИА) вклучи и мапа на зафрлената Област 51 во сојузната држава Невада, на околу 130 километри северозападно од коцкарската мека Лас Вегас.
ЦИА соопшти дека од 1954-та до 1974-та ја употребувала базата на речиси 1.500 километри квадратни за тестирање на владините програми за набљудување од воздух, У2 и Окскарт. САД во климаксот на Студената војна користеа авиони од типот У2 над разни места во светот на височина од 18 километри, меѓу другото и над Советскиот Сојуз.
Документот на ЦИА, што го објави Архивата за национална безбедност при Универзитетот Џорџ Вашингтон, ја открива историјата на тестирање на авионите, но не дава детали за локацијата по 1974-та, иако се верува дека владата таму тестира разузнавачки средства и оружје. Според документот, тестирањето на авионите У2 на големи височини довело до неочекуван ефект - голем пораст на тврдења дека биле видени неидентификувани летачки објекти. Во тоа време, владини лица објаснуваа дека не се работи за вонземјани, туку за климатски феномени.
Па сепак, оние кои веруваат во теориите на заговор се сомничави во врска со владините објаснувања. Приказните за посети на вонземјани, патувања низ време и други возбудливи теории за Областа 51 со години се тема на популарни американски филмови, разгорувајќи го интересот за локацијата.