Линкови за пристапност

Дали сме сами?


Научници со препораки во барањето на нови форми на живот во вселената

Телескопот Хабл направи спектакуларни слики од вселената. Иако тие се возбудливи и инспиративни, не се доволни за да помогнат во нашето пребарување за тоа дали постои живот низ трилионите галаксии во целиот универзум. Сепак, физичарот Џастин Крип вели дека постојат добри изгледи за постоење живот во вселената.

„Ако десет проценти од ѕвездите имаат планети како Земјата и на нив можеби има живот, тогаш импликациите се дека постојат милијарди од нив само во рамките на нашата галаксија Млечен пат“ вели Крип кој е вонреден професор по физика на Универзитетот Нотр Дам и напорно работеше да најде одговор на прашањето: „Дали сме сами во вселената?“ Тој е член на Комитетот на националната академија на науките за стратегија за егзопланетите.

Поблиску до планетите

Во септември Комитетот го објави првичниот извештај од 260 страници кој содржи седум препораки:

Прво, се охрабрува да спроведува мисии во вселената фокусирани на планети слични на Земјата, иако

Крип вели дека тоа е голем технички предизвик.

Втората препорака на Комитетот се однесува на Националната фондација за наука, а тоа е завршување на работата на телескопот Магелан во Чиле и започнување на градбата на предложениот телескоп на Хаваи. Новата технологија во овие супер телескопи ќе произведе слики 10 пати поостри од оние од Хабл.

Другите препораки на Комитетот се креирање на посензитивни уреди, создавање нови мултидисциплинарни тимови во светски рамки за да работат на различни аспекти на проектот и формирање на профитабилна инвеститорска програма за лабораториски, теоретски и телескопски истражувања спроведени од нашата планета.

Извештајот од Комитетот на националната академија на науките за стратегија за егзопланетите ќе биде разгледан од Конгресот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG