Линкови за пристапност

Одисејата продолжува: Сега спасувачите заглавени


Кинескиот кршач на мраз што ги презеде патниците на заглавениот брод на Арктикот, сега самиот е заглавен во мраз.

Сите 52-ца патници на рускиот истражувачки брод кој беше заглавен во мраз повеќе од една недела на Антарктикот беа воздушно пренесени на безбедно во четвртокот, но сега има загриженост дека кинескиот брод инволвиран во спасувањето исто така е заглавен.

Во петок, екипажот на кинескиот кршач на мраз Сноу Драгон, кој го обезбеди хеликоптерот во спасувачката операција, кажа дека не е сигурен во способноста на нивниот брод да се движи низ дебелиот мраз во водата заради што неколку дена останува на местото каде што е.

Австралиските поморски власти велат дека австралискиот кршач на мраз Аурора Аустралис, чија задача е да ги пренесе патниците назад во Австралија, добил упатства да остане привремено во областа во случај на Сноу Драгон да му треба помош. Властите велат дека екипажот на кинескиот брод ќе се обиде да го пробие патот до отворени води рано во сабота кога плимата ќе биде поповолна.
XS
SM
MD
LG