Линкови за пристапност

Арапскиот јазик - најбрзорастечки во САД


Истражувачкиот центар Пју вели дека употребата на арапскиот јазик дома скокнала за 29 проценти, од 2010 до 2014 година

Арапскиот јазик е „најбрзорастечки јазик во САД“, се вели во истражувањето на центарот Пју.

Спред информацијата објавена на веб страницата на истражувачкиот центар, употребата на арапскиот јазик дома скокнала за 29 проценти од 2010 до 2014 година, меѓу петгодишните деца и постарите од нив.

Тоа значи дека има околу 1,1 милиони лица кои зборуваат арапски, што го рангира јазикот како седми најкористен јазик во САД.

За споредба, бројот на луѓето што зборуваат шпански во домашни услови, пораснал за шест проценти.

Истражувачкиот центар вели дека зголемената употреба доаѓа од „ продолжената имиграција од Средниот Исток и Северна Африка, и од зголемувањето на муслиманската популација во САД“.

Од тие што зборуваат арапски дома, според ова истражување, 38 проценти не го владеат англискиот јазик. 42 проценти од луѓето што зборуваат шпански, пријавиле дека не се вешти во англискиот.

Зголемената употреба на арапскиот може да доведе Бирото за попис во САД, кое обезбедува податоци за економски и демографски трендови во Америка, да додаде категорија „Среден Исток/ Севера Африка“ до пописот во 2020.

Во пописот во 2010 година, лицата што го зборуваат арапскиот, пополниле прашалник на англиски јазик, но им било дадено можност да го користат водичот за јазици на Бирото за статистика.

Зголемената употреба на арапскиот доведува Бирото за статистика да бара начин како ќе одговори на оваа потреба, но, арапскиот е предизвик за преведувачите.

На пример, прашалникот содржи делови за индивидуални букви, а арапскиот се пишува во поврзана скрипта. Тој исто така е јазик што се пишува од десно кон лево.

Арапските имиња исто така се проблематични за превод, бидејќи буквите во арапската азбука не секогаш одговораат на англиските букви.

На пример, арапско име Хусеин може да се напише на повеќе различни начини, како Хусаин, Хоусаин, Хоусеин и други.

XS
SM
MD
LG