Линкови за пристапност

Зошто април во САД се поврзува со несреќи?


Идејата да се чека пролетта за да се преземат акции, како напади, се забележува низ американската историја

Април е месец кој изминативе 27 години Американците го поврзуваат со многу трагични моменти - убиства во училишта, терористички напади, спалување на припадници на религиски групи, како и природни катастрофи, пишува Асошиетед прес.

Сега, средината на овој месец, повторно поминува во напори за справување со нова трагедија - КОВИД-19.

Што ја прави оваа недела во април ваква, и што значи за американските граѓани да продолжат понатаму со меморија за вакви настани?

„Работите некако се случуваат во април. Мислам дека не е случајност што многу настани се случиле токму овој месец“, вели историчарот Џон Бејк, кој ја забележал тенденцијата за несреќни настани во април, уште кога бил студент.

„Има нешто со пролетта што оди во спротивност со разумот“, вели тој.

Ова се дел од трагедиите кои се случиле во средината на овој месец од крајот на 20. век до почетокот на 21. век:

- Напад во градот Вејко, Тексас на 19 април, 1993-та година, при кој беа убиени 76 лица;

- Масовно убиство на универзитетот „Вирџинија тек“ на 16 април, 2007-та година, при кој беа убиени 32 лица, а 17 други повредени;

- Еколошката катастрофа „Дипвотер Хорајзон“ на 20 април, 2010 година, при која загинаа 11 лица;

- Бомбашкиот напад на маратонот во Бостон на 15 април, 2013 година...

Но, дали сеќавањата за овие настани се во сенка поради пандемијата, и мерките за изолација и социјално дистанцирање?

„Дали нешто како КОВИД одзема толку многу енергија, што медиумското одбележување на минатите настани е помалку важно годинава? Јас мислам дека може да се оди во двете насоки“, вели политикологот Бетани Лачина, која нагласува дека лошото време потиснува и секаков вид на политичко насилство.

Идејата да се чека пролетта за да се преземат акции, како напади, се забележува и низ историјата на САД.

Пример за тоа е и убиството на американскиот претседател Абрахам Линколн, кој беше застрелан на 14 април, 1865 година, а кој почина следното утро.

Сепак, психолозите велат дека справувањето со пандемијата на коронавирус е доволно тешко за граѓаните деновиве, за да можат да се навраќаат и сеќаваат и на лоште вести од минатото.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG