Американскиот компјутерски гигант Епл Инк. објави нов, усовршен оперативен систем за своите производи што ќе вклучат мобилен сервис за мапи за АјФон и Ајпед, попаметна гласовна интеракција со Сири и повеќе Фејстајм, или моментална видео комуникација преку телефон.
Шефот за софтвер на Епл, Скот Форстал, на годишната Светска развојна конференција во Калифорнија кажа дека новиот сервис за мапи од оперативниот систем АјОС 6 е „изграден од основата нагоре“. Потегот ќе прекине со потпирањето на Епл на софтверот за географски карти на Гугл за своите производи.
Сири, можноста за пребарување што се активира со глас на целуларните апарати на Епл, Ајфон, ќе биде во можност да ги дава гласно упатствата за насока, што е значајна надградба за верзијата на софтверот на ЏиПиЕс (систем за глобално позиционирање) на мобилните телефони.
Сири како можност за личен асистент Епл ја лансираше за АјФон во октомври 2011. Оттогаш „таа учела“ како што кажа шефот за софтвер на компанијата, и во блиска иднина ќе се интегрира со повеќе софтвер од трета страна. Откако ќе бидат лансирани апликации на Фејсбук и Твитер, Форстал кажа дека корисниците ќе можат да разговараат со Сири да им го обнови статусот на Фејсбук или да испрати порака на Твитер.
Сири ќе може да зборува на повеќе јазици и ќе биде на располагање и на Ајпед.
Како дополнение, новиот оперативен систем ќе им овозможи на корисниците да примаат и прават видео-повици (Фејстајм) преку целуларна мрежа. Претходно видео повици можеа да се прават само преку бежичен пристап до Интернет.
АјОС 6 на Епл ќе биде на апаратите испратени наредните месеци, кога многу постари модели на производи на Епл ќе бидат усовршени.

АјОС 6 е „изграден од основата нагоре“.Скот Форстал