Линкови за пристапност

Претставен часовникот Епл


Ќе се појави во продавниците наредниот месец со почетна цена од 349 долари

Технолошкиот гигант Епл го претстави својат најнов производ - Епл-часовникот.

Неколку компании од истата индустрија, јужнокорејските Самсунг и ЛГ и јапонската Сони веќе претставија свои верзии на вакви „паметни часовници“, но Епл се надева дека овој прв нов производ по починувањето на основачот Стив Џобс во 2011-та ќе го привлече вниманието на потрошувачите и љубителите на останатите прозводи на компанијата, како телефонот Ајфон и таблет-комјутерот Ајпед.

Извршниот директор на компанијата Тим Кук изјави дека корисниците на часовникот ќе може да телефонираат со него, да проверуваат електронска пошта, да слушаат музика и да ја следат својата физичка активност.

Најевтината верзија на часовникот се очекува да биде 349 долари, а одредени модели со 19-каратно злато може да достигнат и до 10.000 долари. Епл најави дека часовникот ќе биде пуштен во продажба наредниот месец.

XS
SM
MD
LG