Линкови за пристапност

„Епл“ ги потвди наводите дека постарите телефони работат побавно


Американскиот технолошки гигант „Епл“ ги потврди наводите дека постарите модели на неговиот најпопуларен производ – „Ајфон“, со тек на време стануваат побавни.

„Епл“ се огласи неколку дена откако „Прајмет лабс“ (Primate Labs), компанија што произведува апликација за мерење на брзината на процесорите на „Ајфон-от“, објави податоци што навидум покажуваа дека моделите телефони „Ајфон 6“ и „Ајфон 7“, како стареат, работат побавно.

„Епл“ додаде дека минатата година го објавил софтверот за побавно функционирање на овие модели, за да се справи со проблемите со литиум-јонски батерии, коишто стареат, и како резултат, понекогаш може да предизвикаат оперативни проблеми или неочекувано исклучување на телефонот.

Од компанијата рекоа и дека причината за ажурираниот софтвер, е да обезбеди подобра способност за управување, што исто така ја забавува работата на телефоните, за да се спречи нивно исклучување. Познато е дека литиум-јонски батерии имаат релативно кус животен век и затоа уредот ја забавува својата процесирачка моќ, со цел да одржи баланс и да се овозможи телефонот подолго да трае.

Едно од решенијата за побавните и постари телефони, е да се купи нова батерија, наместо нов „Ајфон“. „Епл“ наплаќа 79 долари за замена на батеријата, доколку гаранцијата на телефонот е истечена.

Сопствениците воедно можат и да купат специјален комплет за замена на батеријата. Но, компанијата веќе подолго време е критикувана дека изработува батерии што корисниците тешко можат самите да ги заменат.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG