Линкови за пристапност

Епл дозволи увид во фабриките во Кина


Епл дозволи увид во фабриките во Кина
Епл дозволи увид во фабриките во Кина

Технолошкиот гигант Епл (Apple) дозволи редок увид во огромните фабрички погони во Кина, каде се произведуваат едни од светски најпопуларни електронски производи. Одлуката уследи по новинските извештаи дека тамошните вработени се соочуваат со тешки работни услови.

Екипа на тв-мрежата ABC ги посети објектите на Foxconn, тајванска компанија надлежна за склопување на поголем дел од производите на Apple. Според неколку новински извештаи објавени минатиот месец, работниците во погоните биле минимално плаќани, а повеќето од нив живееле во преполни простории. Имало и случаи на работни услови опасни по животот.

Apple неодамна дозволи погоните на Foxconn да ги посетат инспектори на непрофитната работна група Fair Labor Association, веднаш откако беа објавени извештаите за наводно неподобните услови за работа, што се закануваа да станат голема дамка на светски највредната технолошка компанија.

На извештајот емитуван на ABC е видливо дека илјадници млади работници рачно составуваат ај-фони, комјутери ај-пед и музичките направи ај-под. Повеќето од нив заработувале само нешто над два долара на час, биле ангажирани преку 60 часа неделно, без да бидат платени за прекувремената работа.

Особено медиумско внимание предизвика серијата самоубиства заради работните услови во Foxconn минатата година. Компанијата во Кина вработува еден милион лица. Како одговор, Foxconn инсталираше мрежи околу зградата за да се спречат евентуалните обиди за самоубиства и ги зголеми платите за најмногу 66%.

И Foxconn и Apple порекнуваат дека во погоните постојат нечесни работни услови.

XS
SM
MD
LG