Линкови за пристапност

Стив Џобс даде оставка од Епл


Стив Џобс даде оставка од Епл
Стив Џобс даде оставка од Епл

Акциите на Епл паднаа за седум проценти само неколку часа по оставката на ко-основачот на компанијата

Акциите на Apple Inc. паднаа за седум птоценти во часовите по веста за оставката на ко-основачот и главниот директор Стив Џобс.

Аналитичарот на Хонг Конг Марк Њуман вели дека очекува малку промени:

„Мислам дека на краткорочен план нема да има голема промена. Има потенцијал за негативно расположение, тука е факторот на страв, зашто Стив Џобс донесе голема промена во Епл во последно време. Сепак, мислам дека веднаш нема да има голема промена. Епл има долг производствен циклус и сите производи на следната генерација веќе се дизајнирани.''

Во среда, Џобс на бордот на директори на Епл и на Епл заедницата, им кажа дека веќе не може да одговори на „должностите и на очекувањата“ на местото што го држи.

Џобс се бори со рак на панкреасот од 2003 и доби трансплатација на црн дроб во 2009. На боледување бил од јануари.

Епл сега е највредната технолошка компанија во светот. Среќата се сврте кон Епл кога компанијата го сврте фокусот од производство на персонални компјутери на компанија што произведува трендовски Ајфон и Ајпед таблет за аудио-визуелни медиуми.

XS
SM
MD
LG