Линкови за пристапност

Апелациониот суд нареди да запре кривичното гонење на Мајкл Флин


Поранешниот советник за национална безбедност на Трамп беше обвинет при истрагата за руското мешање во претседателската кампања во 2016 година

Федералниот апелационен суд нареди да запре кривичното гонење на поранешниот советник за национална безбедност на претседателот Доналд Трамп, Мајкл Флин, пренесува Асошиетед прес.

Американскиот апелационен суд за Дистриктот Колумбија во пресудата истакна дека одлуката на Одделот за правда да го напушти случајот против Флин го решава прашањето, иако Флин се изјасни за виновен за лажење на обвинителите во истрагата на специјалниот советник Роберт Мулер за руското мешање во изборите во САД во 2016 година.

Американскиот окружен судија Емет Саливан одби веднаш да го распушти случајот, барајќи наместо тоа тој сам да го оцени необичното барање на одделот за откажување од кривично гонење.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG