Линкови за пристапност

Апелациониот суд во Велика Британија пресуди дека планот за испраќање баратели на азил во Руанда е незаконски


Британскиот суд одлучи дека владиниот план да испрати баратели на азил во Руанда во обид да ги одврати мигрантите од ризични патувања преку Ла Манш е незаконски.

Судиите на Апелациониот суд рекоа дека Руанда не може да се смета за „безбедна трета земја“ каде што може да се испраќаат мигранти.

Владата најверојатно ќе ја оспори пресудата пред Врховниот суд на Велика Британија.

Конзервативната влада на премиерот Риши Сунак вети дека ќе ги „запре чамците“ - пренатрупаните гумени чамци и другите мали пловни објекти што го прават патувањето од северна Франција, носејќи мигранти кои се надеваат дека ќе живеат во Велика Британија.

Повеќе од 45.000 луѓе пристигнаа во Британија преку Каналот во 2022 година, а неколкумина загинаа во обидот.

Извор: Асошиетед прес

XS
SM
MD
LG