Линкови за пристапност

Свечена вечера за лидерите на АПЕК


По првиот ден на состаноци и разговори посветени на трговски и други регионални економски прашања, американскиот претседател Доналд Трамп им се придружи на другите светски лидери на гала вечерата на самитот за Азиско - пацифичка економска соработка (АПЕК) во Дананг, Виетнам.

Како и останатите лидери, Трамп носеше традиционалната кошула, која е избрана да ја претставува земјата домаќин.

Гостите беа поздравени од страна на виетнамскиот претседател Тран Дaи Кванг.

Претседателот на САД, Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин кратко се ракуваа за време на традиционалното групно фотографирање.

Иако имаше извештаи дека Трамп и Путин ќе одржат разговори, од Белата куќа рекоа дека нема да има формална средба меѓу двајцата лидери

Информативната агенција Ројтерс цитираше официјални претставници на Белата куќа, кои изјавиле дека поради конфликт во распоредот на двајцата претседатели не можело да се организира состанок, иако е можно тие “неформално да се сретнат.“

Главниот состанок на лидерите од земјите на АПЕК се одржува во саботата во Дананг.

Трамп е на четвртата станица на неговата 12 дневна турнеја низ Азија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG