Линкови за пристапност

Холдер и заштитата на новинарите


Американскиот генерален обвинител ги одби обидите на конгресно тело да води истрага во врска со случајот на АП

Американскиот генерален обвинител Ерик Холдер ги одби обидите на конгресно тело да води истрага зошто Одделот за правда ги запленил информациите за телефонски разговори од новинската агенција Асошиетед прес во врска со криминална постапка за протекување на класифицирана владина информација.

Холдер на Комисијата за правосудство во среда кажа дека се изземал себе си од случајот и дека не му е познато зошто неговите заменици во Одделот за правда ги заплениле податоците за телефонските разговори на новинари и уредници во текот на два месеци минатата година. Агенцијата за спроведување на законот се обидува да утврди кој можел да даде информација за написот на АП од мај 2012-та во врска со операција на ЦИА во Јемен со која се осуетил бомбашки заговор на ал-Каида.

Американските закони со кои се штитат новинарите од откривање на нивните извори се релативно слаби. Но Белата куќа во среда кажа дека ќе поддржи засилување на заштитата.
XS
SM
MD
LG