Линкови за пристапност

Втора дебата во Детроит: дали демократските претседателски кандидати зборуваат со факти?


Асошиетед прес направи проверка на факти во изјавите на демократските претседателски кандидати кои учествуваа на синоќешната дебата

Дел од демократските претседателски кандидати на втората дебата во Детроит зборуваа за имиграцијата, економијата и други прашања, но нивната реторика не беше поткрепена со факти.

Десет кандидати дебатираа синоќа, а уште десет други ден претходно.

Во продолжение следува преглед на дел од синоќешните изјави и проверката на фактите во нив:

Бил де Бласио, градоначалникот на Њујорк, затоа што не го отпуштил полицискиот службеник за случајот со Ерик Гарнер рече: „За прв пат, не чекавме на сојузниот оддел за правда, кој го извести градот Њујорк дека не може да продолжи со случајот затоа што Министерството за правда го спроведуваше гонењето додека годините минуваа и се насобираше многу болка.“

Факти: Ова не е точно. Одделот за правда не го спречи градот да ја продолжи процедурата по тоа прашање. Њујоршкиот полициски оддел самостојно одлучи да ја одложи дисциплинската постапка за службеникот Даниел Панталео.

Додека локалните власти понекогаш ја одложуваат својата истрага, бидејќи федералните обвинители спроведуваат кривични истраги, во овој случај не беше наложено полицискиот оддел да чека на федералната истрага за да спроведе граѓанска истражна постапка при донесувањето на одлука за тоа дали да биде отпуштен Панталео.

Ерик Гарнер почина од задушување во јули годинава во Њујорк, откако полицаецот Даниел Панталео го држеше со рака околу вратот додека со неколку колеги се обидуваше да го совлада на земја и да го уапси.

По овој случај во голем број на градови во САД се протестираше поради две одвоени одлуки на големите пороти да не бидат покренати обвиненија против полицајци - белци за интервенции во коишто загинаа невооружени лица - црнци.

Кори Букер, сенаторот од Њу Џерси, за декриминализацијата на нелегалното влегување преку границата рече: „Ако го направите тоа преку граѓанските судови значи дека нема да ви требаат ужасните притворски центри каде сум бил.“

Факти: Не точно. Точно е дека може да се намали притворот за имиграција на границата, доколку нема кривична пријава за нелегален влез. Но, граничните службеници сепак ќе треба да ги процесуираат оние коишто доаѓаат преку границата и тоа може да доведе до привремено задржување.

Исто така, американските имиграциски и царински извршители го користат притворот за од луѓето што чекаат депортација да ги задржат оние кои се обвинети или осудени за посериозни кривични дела, вклучително и оние кои имаат зелен картон или друг правен статус.

Камала Харис, сенаторката од Калифорнија: „Работниците во автомобилската индустрија, очекуваме, можеби, стотици илјади да бидат без работа до крајот на годината.“

Факти: Ова сериозно предвидување е погрешно. Автомобилската индустрија не се соочува со непосреден ризик од ваков колапс.

Тоа можеше да се случи - како најлошо сценарио - ако Трамп ги исполнеше заканите за воведување нови царини и политики што ќе му наштетат на автомобилската индустрија. Но, тој не го направи тоа.

Харис: „Сега во Америка, имаме постари лица кои секој ден - милиони постари лица - одат во системот на Медикер.“

Факти: 10,000 луѓе на ден полнат 65 години и стануваат квалификувани за Медикер програмата, која покрива хоспитализација, посети на лекар, лекови на рецепт и други услуги.

Со Медикер се опфатени повеќе од 60 милиони луѓе, вклучително и инвалиди на било која возраст.

Џо Бајден, поранешниот потпретседател: „Некои од овие директори на осигурувања кои во целост се спротивставуваат на мојот план треба да ги ставиме во затвор поради девет милијарди опиоиди што ги продаваат таму.“

Факти: Поранешниот потпретседател сигурно мислел на директори на фармацевтските-компании, бидејќи осигурителните компании плаќаат за лекови - тие не ги продаваат.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG