Линкови за пристапност

Антонио Бандерас изјави дека е позитивен на ковид-19 на неговиот 60-ти роденден


Шпанскиот актер рече дека времето во изолација ќе го помине во читање и пишување

Шпанскиот актер Антонио Бандерас изјави дека е позитивен на ковид-19, и оти го слави неговиот 60-ти роденден во карантин, објави Асошиетед прес.

Бандерас ја објави оваа вест на Инстаграм. Тој рече дека ќе го помине времето во изолација во читање, пишување, како и „правење планови да почнам да им давам значење на моите 60 години, до кои стигнав со голем ентузијазам“.

На почетокот на оваа година тој беше номиниран за Оскар за неговата улога во „Болка и слава“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG