Линкови за пристапност

Рана употреба на антибиотици кај децата има несакани ефекти


Некои од ефектите може да се подложност на дебелеење и астма.

Ново истражување покажува дека антибиотоците кај мали деца може негативно да влијаат на нивното здравје, од подложност на дебелеење до астма и многу други заболувања.

Нема сомнение дека антибиотиците спасиле многу животи од смртоносни заболувања, но ново истражување покажа дека антибиотиците имаат и негативна страна.

Проучувани биле 127 деца на возраст од две до седум години, кои оделе во иста градинка и живееле во меѓусебна близина, за тоа колку третмани со антибиотици примаат.

Станува збор за она што се случува во цревата на децата. Антибиотиците се мешаат со таканаречените добри бактерии кои живеат таму.

Доктор Катри Корпела од Универзитетот во Хелсинки и главен автор на студијата, вели дека науката штотуку почнува да ја разбира важноста на бактериите во стомакот. Во моментов има малку информации за тоа колку всушност има влијание врз нашето долгорочно здравје, посебно од почеток на животот.

Антибиотиците не прават разлика помеѓу добри и лоши бактерии. Тие ги убиваат и двете.

Борбата против бактериите и живеењето со нив е работа на рамнотежа.

Добрите бактерии и другите микроорганизми кои делуваат заедно со нив, во голема мера го формираат нашиот имунолошки систем. Антибиотиците можат да го нарушат овој деликатен баланс.

Од истражувања направени врз луѓе е осознаено дека со примањето на антибиотици се зголемува ризикот од некои заболувања, посебно кај децата, како астма или воспаление на цревата. Но, не било познато зошто. Сомнежот паднал на нарушувањето на одбранбениот механизам во стомакот, со добрите бактерии.

Според Корпела анализата направена кај глувците покажала дека нарушувањето на микроорганизмите со антибиотици предизвикува долгорочно влијание врз здравјето. Исто така, на некои места, мала доза на антибиотици се давала на добитокот со цел да се зголеми нивната маса.

Сепак, не сите антибиотици имаат исто влијание врз стомачните бактерии. Најголема штета е направена од лекови познати како макролиди. Пеницилинот и слични на него антибиотици исто така се штетен, но не во голема мера.

Истражувачите го следеле нивото на бактеријата бифида, која се смета за корисна бактерија, посебно кај децата. Корпела вели дека после примање на антибиотици, нивото на бифидата се намалувало. Овие бактерии биле заменети со други типови на бактерии со кои се покажало дека имаат врска со, на пример, развојот на прекумерна тежина или метаболичен синдром.

Метаболичниот синдромот се употребува за група ризични фактори кои можат да доведат до заболувања како дијабетис.

Бебињата очигледно ја добиваат добрата бактерија во цревата од нивните мајки преку породилниот канал.

Но, бебињата кои се родени со царски рез обично ја добиваат бактеријата од болничката средина, што не е многу добро и имаат тенденција првично да бидат колонизирани прво од кожна бактерија, што не е природно.

Истражувач од Универзитетот во Хелсинки вели дека добрата стомачна бактерија може да помогне при развојот на имунитетот кај децата. Тоа потоа трае цел живот.

Корпела вели дека опоравувањето на стомачните бактерии кај дете после земање антибиотик, може да трае и неколку години. Доколку се земе повторно во меѓувреме, циклусот започнува одново.

Истражувачите исто така, кај децата најдоа доказ за бактерија која има гени кои се отпорни на антибиотици. Отпорноста на антибиотици е веќе познато дека е сериозен проблем и закана за здравјето кај луѓето.

Затоа, се препорачува антибиотиците да се земаат само кога навистина има потреба за тоа.

Тие можат да предизвикаат оштетување на стомачните бактерии и кај возрасни лица.

Нутриционистите, лекарите и останатите здравствени работници можно е на возрасните да им препорачуваат да земаат пробиотици, кои содржат бактерија за која се смета дека е корисна.

Истражувањето е објавено во списанието „Комуникации на природата“.

XS
SM
MD
LG