Линкови за пристапност

Трамп ќе биде првиот претседател кој се обратил на годишниот протест против абортусот


Денес во Вашингтон се одржува марш против правото на абортус, кој првпат почна пред 47 години

Илјадници демонстранти денес се собраа во главниот град на САД Вашингтон, за да протестираат против правото на абортус.

Претседателот Доналд Трамп на Твитер напиша дека ќе присуствува на денешниот марш.

Трамп се очекува да се обрати пред насобраните граѓани, од кои повеќето се против абортусот. Тие се едни од неговите цврсти конзервативни поддржувачи.

Елајс Хог, претседател на организација која го поддржува правото на избор, на Твитер напиша дека одлуката на Трамп да се обрати на протестот е очаен обид да го одврати вниманието од „неговото криминално претседателство, и да ја вжешти неговата радикална база“.

Трамп ќе биде првиот претседател кој присуствувал на овој марш во неговата 47-годишна историја.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG