Линкови за пристапност

Заглавениот брод на Антарктикот чека хеликоптер за спасување


Екипажот на рускиот истражувачки брод заглавен во антарктички мраз ќе мора да биде спасен од хеликоптер, по неколку претходни неуспешни обиди.

Седумдесет и четири научници, туристи и членови на екипажот се на бродот МВ Шокалскиј, кој е заглавен во мраз во близина на Јужниот Пол од ноќта пред Божиќ.

Кршачи на мраз од Франција, Кина и Австралија не беа во состојба да стигнат до бродот. Во последниот обид, австралискиот Аурора Аустралис мораше да се врати заради силни ветрови и снег.

Австралиски и руски претставници во вторник кажаа дека откако времето ќе се подобри, хеликоптерот на кинескиот кршач на мраз Сноу Драгон ќе се обиде да го евакуира екипажот во групи од по 12.

Патниците велат дека се обидуваат да останат во добро расположение и се подготвуваат за прослава за Нова Година на бродот, каде има доволно намирници за неколку недели и не е во опасност од тонење.
XS
SM
MD
LG