Линкови за пристапност

Неуспешни обиди за спасување на заглавениот руски брод


Големото снежно невреме не дозволува спасувачките бродови да се приближат до заглавениот истражувачки брод близу Јужниот Пол

Антарктичко снежно невреме го запре обидот на австралискиот кршач на мраз да ги преземе 74-цата од руски истражувачки брод кој е заглавен во мраз речиси една недела.

Австралиските власти за поморска безбедност што го координираат спасувањето, во понеделник кажаа дека кршачот на мраз Аурора Аустралис морал да се врати на отворени води заради слабата видливост.

Кинескиот кршач на мраз Сноу Драгон, испратен да го ослободи бродот, дошол на 11 км од него во саботата, но морал да запре кога дебел мраз го блокирал неговиот напредок.

Доколку австралискиот брод не успее да се пробие низ три метри дебелиот мраз, хеликоптер на кинескиот брод може да биде употребен за евакуирање на патниците на заглавениот брод. Но невремето не дозволило хеликоптерот да полета.

Рускиот брод носи 74 лица, вклучувајќи и австралиска истражувачка експедиција, туристи и членови на екипажот. Тој се замрзна близу Јужниот Пол на 24 декември. Официјални лица велат дека бродот не е во опасност од тонење.

Бродот, кој го напушти Нов Зеланд на 28-ми ноември, се обидуваше да го рекреира патувањето до Антарктикот на австралискиот истражувач Даглас Мосон, од пред еден век.
XS
SM
MD
LG