Линкови за пристапност

Мразот на Антактикот се топи со неверојатно темпо


Се вели во најнова научна студија

Антарктикот се топи со неверојатно темпо, и од 1992-та година, наваму, има изгубено три трилиони тони мраз. Ова е заклучокот на меѓународен тим научници во најновата проценка за ефектите од глобалното затоплување на овој континент.

Еден од 88-те коавтори на студијата, рече: „Мислам дека треба да бидеме загрижени, тоа не значи дека треба да бидеме очајни, работите се случуваат, но се случуваат побрзо отколку што очекувавме“.

Водечкиот автор на студијата, Ендрју Шепард од Универзитетот Лидс во Англија, кажа дека до крајот на овој век, можно само топењето на Антарктикот да додаде 16 сантиметри на морското ниво низ целиот свет.

Тој додаде дека топењето главно е предизвикано од потоплите води. Шепард рече дека водата во окенот на југот од земјината топка е под влијание на менувањето на ветровите, што се поврзани со глобалното затоплување заради согорувањето на јаглен, нафта и природен гас.

Учесник во студијата додава дека „дел од Западен Антарктик, каде се случило 70 отсто од неодамнешното топење, е во состојба на колапс“.

Научниците ги извлекле своите заклучоци од две децении на сателитски податоци и 24 одделни истражувања.

Студијата е објавена во списанието Природа (Nature).

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG