Линкови за пристапност

Америка им оддава почит на жртвите од 9/11


Во Њујорк, Вашингтон и Пенсилванија во среда се одржуваат настани за оддавање почит на жртвите од терористичките напади пред 12 години.

Претседателот Барак обама го води одбележувањето на годишнината на нападите од терористи на ал-Каида кои убија 3.000 луѓе во Светскиот трговски центар во Њујорк и во Пентагон.

Обама, потпретседателот Џо Бајден и нивните сопруги одржаа минута молчење во времето (8:35) кога првиот киднапиран авион удри во кулите близначки на Светскиот трговски центар на 11 септември, 2001-ва. Претседателот присуствува и на приватна церемонија во Пентагон за членовите на семејствата на над 100 лица убиени кога авионот го погоди седиштето на американската армија.

Во Њујорк, членови на семејствата ги рецитираат имињата на загинатите кога паднаа кулите, што сега стана традиција. Имињата на шестемина убиени во бомбашкиот напад на Светскиот трговски центар во 1993 исто така се вклучени.

Четвртото одбележување се одржува во гратчето Шанксвил, во Пенсилванија, каде се урна летот 93 на Јунајтед ерлајнс, убивајќи 33 патници и седуммина членови на екипажот.

Авионот се урнал кога патниците се обиделе да ја вратат контролата од грабнувачите, кои верувале дека летаат кон Вашингтон.
XS
SM
MD
LG