Линкови за пристапност

Сеќавање на Перл Харбор


Сеќавање на Перл Харбор
Сеќавање на Перл Харбор

САД одбележуваат 70 години од јапонскиот напад на Перл Харбор, со кој САД беа вовлечени во Втората светска војна.

Настаните за одбележување на 7 декември 1941 се одржуваат низ цела држава, а најголемиот е на пацифичкиот остров Оаху, во Хаваи, каде што се случи нападот.

Одреден број на преживеани од Перл Харбор и ветерани на Втората ветска војна се меѓу 3.000-те присутни што се очекуваат на настанот со поглед на ЈуЕсЕс Аризона Меморијалот, каде лежат потопените остатоци на уништениот борбен брод. Минута на молчење се одржа во 7:55 утрината, што е точното време кога царската морнарицата на Јапонија го започна изненадувачкиот напад.

Во Вашингтон се одржува церемонија на положување венец на споменикот на Втората светска војна на Националното шеталиште.

Во соопштение по повод годишнината, американскиот претседател Барак Обама им оддаде почит на загинатите, велејќи дека „нивната издржливост помогнала да се дефинира највеличествената генерација“.

САД објавија војна на Јапонија еден ден откако беше нападнат Перл Харбор. На 11 декември јапонските партнери во оската, Германија и Италија, објавија војна на САД, одбележувајќи го влегувањето на нацијата во глобалниот конфликт.

XS
SM
MD
LG