Линкови за пристапност

Ени Глен, сопругата на астронаутот Џон Глен, почина од КОВИД-19


Глен, која цел живот се соочуваше со говорна мана, имаше 100 години

Ени Глен, вдовица на американскиот сенатор и астронаут Џон Глен, почина од КОВИД-19.

Глен, која цел живот се справуваше со говорна мана, имаше 100 години.

Родена во Колумбус, Охајо, Глен сакала да биде учителка, но, била спречена поради говорна мана, и неможност да има има јавни говори.

Наместо тоа, таа одлучила да студира музика, бидејќи открила дека може да пее, без да пелтечи.

„Имав многу тешки моменти“, изјави таа за магазинот „Пипл“ во 1980 година, додавајќи дека луѓето нервозно викале по неа оти мислеле дека е глува и глупава.

Ени Глен го познавала Џон Глен уште од детство, а стапиле во брак во 1943 година.

Кога нејзиниот сопруг станал меѓународно познат во 1962 година, Глен ги избегнувала медиумите поради нејзината говорна мана.

Сепак, преку интензивна говорна терапија, таа ја надминала говорната мана. На возраст од 53 години, се почувствувала доволно самоуверена да има јавен говор, за кој се подготвувала три месеци.

„Пред мене се отвори нов свет, а најважно нешто од ова што се случи е што ќе можам да ги пренесам моите идеи“, рече тогаш Глен.

Националната асоцијација за слух и говор доделува награда во чест на Ени Глен, како инспирација за луѓето со говорни пречки.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG