Линкови за пристапност

„Капитал Газет“: „Денес останавме без зборови“


Полицијата од Анаполис го идентификува лицето кое вооружено со димни бомби и пушка го изврши нападот во редакцијата на весникот во главниот град на Мериленд.

Еден ден откако напаѓач уби пет лица во редакцијата на „Капитал Газет“ денес од печат излезе ново издание на весникот посветенo на настаните што се случија во нивната редакција пред помалку од 24 часа.

На насловната страница на весникот со седиште во Анаполис, сојузната држава Мериленд стои: „Пет лица убиени во „Капитал Газет.“ Новинарите го покрија настанот, а некои од нив го раскажаа и личното искуство за време на пукањето.

Страницата за колумни на весникот е празна, и на неа стои пораката: „Денес останавме без зборови“, но тие велат дека со редовната рубрика се враќаат утре.

Полицијата од Анаполис го идентификува лицето кое вооружено со димни бомби и пушка го изврши нападот во редакцијата на весникот во главниот град на Мериленд.

Властите велат дека Џарод Рамос имал долга историја на несогласување со „Капитал Газет.“ Од полицијата велат дека нападот бил со умисла, а Рамос „ги избирал жртвите.“

Полицијата пристигнала брзо на местото на настанот, но претходно Рамос убил четири новинари и помошник за продажба.

Сведоците велат дека напаѓачот најпрвин пукал во стаклената врата, а потоа продолжил да пука кон вработените.

Новинар кој бил на работа во тоа време, подоцна на Твитер напиша како се криел под неговото работно биро и можел да слушне како напаѓачот пука и повторно ја полни пушката.

Рамос се наоѓа во притвор.

XS
SM
MD
LG