Осомничениот за масакрот во редакцијата на весникот „Капитал газет“ во Анаполис, Мериленд денес беше обвинет по 23 основи, вклучувајќи пет основи за убиство од прв степен.
Обвинителите на Мериленд се сомневаат дека 38-годишниот Џарод Рамос пукал во редакцијата на 28-ми јуни, при што беа убиени пет лица.
Обвинението го опфаќа и обидот на Рамос за убиство на уште едно лице, фотографот Пол Џилиспи, кој сведочеше дека верува оти Пол пукал во него при излегување од редакцијата.
„Кога бегав не гледав назад, но, слушнав дека ме бркаше. Слушнав истрел, и почувствував како нешто да прелета од мојата десна страна“, изјави тој за „Балтимор сан“.
Facebook Forum