Линкови за пристапност

Анан предупредува на можна катастрофа во Сирија


Пратеникот на ОН предупреди дека неуспех во решавањето на кризата може да донесе незамисливи последици.

Кофи Анан зборуваше во вторник по разговорите со иранскиот министер за надворешни работи Али Акбар Салехи во Техеран како дел од напорот за спасување на неговиот мировен план за Сирија. Иран е најголемиот сојузник на Сирија во регионот.

Анан кажа дека иранската влада соработувала со неговите напори и тој однапред се радува на натамошната работа со Техеран во насока на наоѓање мирно решение:

„Ако не направиме вистински напор за решавање на проблемот по мирен пат, и ако тој излезе од контрола и се прошири низ регионот, може да доведе до последици што никој не може да ги замисли.“

Анан сега е во Багдад да разговара за сириската криза со ирачкиот премиер Нури ал-Малики.

Во Русија, новинската агенција Интерфакс извести дека руски бродови од северната флота ќе се координираат со единица на воени бродови од Црното море за борбена обука во Медитеранот и Црното Море. Други извештаи велат дека најмалку еден брод ќе се упати кон Сирија.

Западните нации ја критикуваа Русија што не ги прекинала армиските врски со Сирија. Во понеделникот висок руски претставник на одбраната кажа дека Москва нема да продава повеќе оружје на Сирија додека тамошната ситуација не се смири.
XS
SM
MD
LG