Линкови за пристапност

Анкета на ИРИ: 56 проценти од граѓаните сметаат дека државата се движи во погрешна насока


Анкетата на ИРИ, спроведена од април до мај врз примерок од 1 204 испитаници, покажува дека главен проблем за граѓаните се сиромаштијата и нискиот животен стандард – 25 проценти одговориле така
Анкетата на ИРИ, спроведена од април до мај врз примерок од 1 204 испитаници, покажува дека главен проблем за граѓаните се сиромаштијата и нискиот животен стандард – 25 проценти одговориле така

56 проценти од граѓаните на Северна Македонија, според најновата анкета на Меѓународниот републикански институт, мислат дека земјата се движи во погрешна насока, што е подобрување во однос на истражувањето од октомври мината година кога тој процент бил 58 отсто.

Анкетата на ИРИ, спроведена од април до мај врз примерок од 1 204 испитаници, покажува дека главен проблем за граѓаните се сиромаштијата и нискиот животен стандард – 25 проценти одговориле така. Потоа следат високите цени со 24 проценти, па економската ситуација за која 23 отсто од испитаниците рекле дека е сериозен проблем. Петта на листата е невработеноста со 18 проценти... Потоа, како најголеми проблеми следат корупцијата, криминалот, општата политичка ситуација...

58 отсто од испитаниците ситуацијата во своето домаќинство ја објаснуваат како лоша. 64 проценти одговориле дека месечните примања не им се доволни за покривање на основните трошоци. 55 проценти од граѓаните одговориле дека квалитетот на животот им е добар, а 45 проценти го кажале спротивното. 48 отсто сметаат дека во наредните две години ситуацијата во земјата ќе се влоши. Лани во октоври тој процент бил 56 проценти.

78 отсто од испитаниците сметаат дека актуелните владини претставници не работат во согласност со законите. Нешто подобро стои опозицијата – 69 проценти од граѓаните не мислат дека и тие би го почитувале законот ако бидат избрани за одредена функција.

Најдобар министер, според истражувањето е Оливер Спасовски. Потоа следи премиерот Ковачевски, па Бујар Османи, па Артан Груби. Груби е на врвот на листата кога граѓаните се прашани „кој министер не работи како што треба“.

Кога станува збор за политичарите, претседателот Пендаровски ужува најпозитивно мислење кај граѓаните – така се произнеле 38 проценти од испитаници. Втор е, на големо изнендување, Никола Груевски, па потоа следи актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, па премиерот Димитар Ковачесвки, кому му се доближува лидерот на Левица Апасиев. За Зоран Заев позитивен став имаат 20 отсот од испитаниците, а за Али Ахмети 16 отсто.

На прашањето „Ако наредната недела се одржат изборите за која партија би гласале“, 19 отсто одговориле „за“ опозициската ВМРО-ДПМНЕ, 11 проценти „за“ владејачкиот СДСМ, 8 за ДУИ, 5 отсто за Алијанса за Албанците, 4 за БЕСА, 4 за Левица.

79 проценти од граѓаните кои учествувале во анкетата се за членство во ЕУ, што е подобрување од лани кога позитивно се изјасниле 73 отсто.

XS
SM
MD
LG